Што е тоа сојузен замок?
Погледнете Како да играм >> Дипломатија.
Што е Собирен Пункт?
Погледнете Како да играм >> Дипломатија.
Како можеме да имаме Собирен Пункт?
Собирниот Пункт може да биде основан од лидерот или првиот офицер со двоен клик на кое било место на Глобалната мапа коешто не е зафатено од империја или е место наменето за колонија (ридови, шума или терени на специјални ресурси). За да го направите тоа, Вашиот сојуз треба да има најмалку 5 000 000 нето економски поени и 1 ниво Администрација (секое ниво дозволува изградба на уште два Собирни Пункта).
Дали се плаќаат ресурси за основање Собирен Пункт?
Не.
Дали агресорот запленува ресурси од Ризницата во случај да победи во Опсада на Тврдина во наш Замок или Собирен Пункт?
Не. Може само да го уништи.
Како можеме да бараме непријателски Собирни пунктови?
Нема брзо пребарување за тоа. Треба рачно да ја пребарате Глобалната мапа.
Дали колониите и трговските станици на специјални ресурси влијаат на сојузните градби и истражувања?
Да, но не може да се надмине бонус од 10% од еден ист специјален ресурс. Ако има 2 колонии за издржување - едната богата на памук, а другата богата на волна, тогаш издржувањето на сојузната војска е со 20% пониско.
Изгледа дека се наоѓам во опсегот на влијание на сојузен замок, контролиран од мој сојуз или сојуз во федерација, но сепак не ги добивам бонусите. Пропуштам ли нешто?
Дури и може би да не изгледа така, Вие се наоѓате во неутралната зона. Неутралната зона е таа во која опсегот на два сојузи со еднакви нивоа на големи храмови се преклопуваат. Вкупниот радиус од неутралната зона е поделен на два еднакви делови и додаден на опсегот на секој од двата сојуза, а сите Империи, распоредени во соодветната зона, ги губат нивните дневни бонуси на производството, моралот и задоволството.
Како можам да имам сојузен замок?
Независните сојузни замоци можат да бидат освојувани. Независниот замок има тврдина 8, стелци во гарнизон и војска на поле, видлива во балончето со текст кога курсорот ќе се постави над замокот. Нивото на Тврдината не паѓа за 1 после успешен напад, останува 8. Замокот е освоен кога во него ќе останат помалку од 1000 воени единици. Тврдината на освоениот замок мора да се гради од ниво 1.
Замоците што се во сопственост на други сојузи, можат да бидат освојувани. Замокот се освојува кога тврдината во него ќе стане 0 (со секоја успешна опсада, нивото на тврдината се напалува за 1). Потоа сопственик станува сојузот-агресор, што може да продолжи да го развива опсегот на влијание со тоа што ќе плати 205 од ресурсите, инвестирани во големиот храм од претходниот сопственик; ако оваа цена не се плати во следните 24 часа од освојувањето, новото на големиот храм станува 0.
Што добиваме од напади на противнички Собирни пунктови?
Ги уништувате непријателските сојузни војски, сојузниот посед и добивате снабдувачка пратка.
Што ќе се случи со нашата војска ако поседот биде уништен?
Се пренасочува кон друг посед.