Што е колонија?
Територијално проширување на Империјата на Глобалната мапа. Главните предности на кколонијата се: терени на специјални ресурси, тие доделуваат различни дополнителни бонуси на целата Империја и уште еден начин да ги зачувате своите ресурси и војска, ако се земе во предвид тоа дека единствениот начин да се пронајде колонија е рачно да се проверува целата Глобална мапа.
Престанав да добивам бонус од мојата колонија. Зашто?
Во колонијата има немири или бунт. Бонусот повторно ќе го добиете кога ќе го зголемите Задоволството над 50.
Зошто имам толку голема казна на Задоволството во колонијата? Како можам да го поправам ова?
Колку подалеку е една колонија од вашата Империја, толку е поголема казната на Задоволство. Буквално, ова не може да се поправи. Меѓутоа, можете да изградите неколку нивоа Храм и Тврдини, да распоредите војска во неа, данокот да го поставите на 0, секој ден да организирате Фестивали и да активирате Премиум, за да ја намалите казната.
Како можам да уништам сопствена колонија?
Влезете во колонијата. Отворете ја Глобалната мапа. Кликнете на колонијата и изберете ја опцијата "Уништување колонија". Уништувањето колонија Ви враќа 50% од населението, испраќајќи го во поседот од каде што е основана колонијата и ги одзема нето економските поени инвестирани во колонијата.
Утрово се разбудив без колонија. Зошто?
Колонијата е уништена кога ќе остане без Тврдина. Секоја успешна Опсада на Тврдината го намалува нивото на Тврдината за 1. Кога Тврдината ќе остане на ниво 0, таа автоматски исчезнува од Глобалната Мапа, ослободувајќи 50% од населението и 90% од војската, распоредена во колонијата, тие се враќаат назад во провинцијата од каде што колонијата била основана.
Како така мојата колонија/трговска станица/воена станица да е нападната од играч 5 пати поголем од мене?
Нападите по колониите/трговски станици/воени станици на специјални ресурси, немаат ограничувања во опсегот на нето економски поени. Тие можат да бидат уништени од секој без никакви казни.
Како да барам специјални ресурси на Глобалната карта?
Единствен начин е рачно да ја пребарате Глобалната мапаили преку Извидување. Нема начин за брзо пребарување.
Како да барам колонии/трговски станици/воени станици на други играчи?
Единствен начин е рачно да ја пребарате Глобалната мапа или преку Извидување. Нема начин за брзо пребарување на противнички колонии, има само за сојузните.
Колониите учествуваат ли во одредувањето на просечното задоволство и миграцијата?
Да.