Имам исто/повисоко ниво Шпионажа од противникот и повеќе шпиони од него. Зошто не успеав да ги инфилтрирам?
Шансата за 100% успешна Шпионажа постои само ако Шпионажата на напаѓачот е 5 нивоа повисока од Контрашпионажата на бранителот. Во сите други случаи секогаш постои шанса, дури и минимална, за неуспех. Користете го симулаторот за Шпионажа за да ги процените своите шанси.
Имам исто/повисоко ниво Контрашпионажа и повеќе шпиони од противникот, зошто не успеав да ги фатам неговите шпиони?
Шансата за 100% успешна Контрашпионажа постои само ако Контрашпионажата на бранителот е повисока за 5 нивоа од Шпионажата на напаѓачот. Во сите други случаи, секогаш постои дури и минимална шанса за неуспех. Користете го симулаторот за Шпионажа за да ги процените своите шанси.
Дали шпионите во гарнизон учествуваат во Контрашпионажа?
Не, тие мора да се распоредени на поле.