- Која единица е најдобра да се прави?
- Зависи од вашите цели. Ако планирате да заштитувате, направете стрелци и балисти во гарнизон. Ако планирате да напаѓате само напуштени Империи, направете лесни мечувалци, нешто опсадни машини, стрелци и товарни колички. Ако сакате да се борите против вистински играчи со вистинска војска, инвестирајте најмногу во коњаница и копјеносци и никогаш не ја испраќајте војската на мисија без претходна симулација.
- Што ми е потребно за да регрутирам тешки/елитни единици?
- Посочете со глушецот на прашалникот веднаш до соодветната единица и ќе се покажат истражувањата коишто се потребни. Или проверете ги барањата во Технолошкото стебло под селото.
- Која е најдобра единица за напад на Тврдини?
- Опсадни машини и сите видови мечувалци.
- Тараните имаат поголем напад и животни поени од катапултите и требучетите. Зошто тие да се во лесни единици?
- Тараните се единствените опсадни машини кои во напад на Тврдина се распоредени заедно со мечувалците и копјеносците. Ова значи дека трпат многу повеќе штети нанесени од стрелците во гарнизон и балистите од кулите и соодветно не се толку ефикасни.
- Ја симулирав битката неколку пати и сепак изгубив. Зошто? Подобро поправете го симулаторов што е можно побрзо.
- Симулаторот е точна копија од калкулаторот на битката. Па ако симулацијата и битката се разликуваат, нивните податоци дефинитивно не се исти. Противникот има различни нивоа воени истражувања, бонуси од колонија и морал, од оние што сте ги внесле во симулацијата и/или има Преиум којшто не сте го предвиделе. Друго објаснување е дека сте победиле во симулацијата со помалку од 50 морал на крајот - кога моралот падне под 50, секогаш има шанса Вашата војска во некој момент да избега и да ја изгубите битката.
- Зашто ја изгубив оваа битка?
- Постојат многу сценарија за изгубена битка:
- непрецизна симулација - видете го претходното прашање;
- коњаница и стрелци испратени во Опсада на Тврдина;
- низок морал и бегање на војска;
- напад надвор од опсег при којшто почетниот морал е низок и силата на единиците за време на битката е пониска;
- недоволно војска за рушење на ѕидовите пред да избега војската; - Мојот златен еквивалент за изгубени воени единици е поголем од оној во Битки на денот. Зошто не добив медал?
- Има 2 битки на денот - една за победа во напад и друга за победа во одбрана. Или Вашата битка е во одбрана, а Вие ја споредувате со таа во напад или обратно.
- Како можам да го подигнам мојот воен чин?
- Со освојување воени поени.
- Како можам да освојам воени поени?
- Воените поени се освојуваат само во битки против други активни играчи. Убиена војска вредна 5000 златен еквивалент е еднаква на 1 воен поен. Уништените нивоа Тврдини исто даваат одредено количество воени поени, како и ограбеното население, но само во војна и се пресметуваат само во резултатот од војната.
- Направив огромна битка, имав загуби, но не добив чест. Зошто?
- Чест се освојува во битки против активни играчи, но секогаш треба да биде исполнето барањето за најмалку 10% загуби од сопствената војска и само ако нападот е во дозволениот опсег x2.
- Имам негативна Чест. Како да го поправам тоа?
- Чест се освојува во битки со активни играчи, но секогаш треба да е исполнето барањето да имате изгубено најмалку 10% од составот на сопствената војска и нападот да е во дозволениот опсег x2. За секои 100 000 златен еквивалент убиени единици, победникот добива 1 поен Чест.
- Денес ограбив само два пати, а системот ми покажува дека не ми е дозволено да ограбувам повеќе. Зарем не би требало да имаме 4 грабежи дневно?
- Да, но и повлечените грабежи исто се бројат. Значи ако сте направиле 2 грабежа и сте испратиле и повлекле уште два, заедно се четири и повеќе нема да можете да ограбувате во тој ден.
- Која е најдобра формација? Која да ја изберам?
- Бидејќи формацијата го контролира распоредувањето на единиците во зоните на битка и нападот и животните поени на секој вид единица се изменети од зоната на битка каде што се распоредени, правилниот избор на формација е одреден и од составот на Вашата војска и од составот и формацијата на непријателската војска. Во основа, најефикасната формација би била онаа која поголем дел од Вашите единици ги распоредува во зони каде што им се зголемува нападот и животните поени или барем не се применуваат казни за тоа и/или онаа која Вашите воени единици ги распоредува во зони на битка каде што можат директно да се борат против непријателските единици против кои имаат бонуси или барем немаат казни.
- Како можам да споделам битка со пријател?
- Кога ќе поминат најмалку 168 часа од битката, во долниот дел на извештајот ќе се појави линк.
- Системот кажува дека делам иста IP адреса со играч X и не можам да го напаѓам. Можете ли да го поправите ова?
- Кога системот ќе најде врска помеѓу 2 играчи, нападите меѓу нив автоматски се забрануваат и нема да бидат дозволени.
- Не ја видов структурата на непријателската напаѓачка војска дури ни 1 секунда пред битката. Зошто?
- Бидејќи Вашето ниво на Контрашпионажа е многу ниско во споредба со нивото Шпионажа на напаѓачот. Ако Шпионажата на напаѓачот и нивоата Контрашпионажа од бранителот се еднакви, бранителот ја гледа структурата на непријателските војски 30 минути пред нападот. Со секое ниво разлика се додаваат или одземаат по 10 минути. Па, ако Вашето ниво Контрашпионажа е 3 нивоа пониско од нивото Шпионажа на напаѓачот, никогаш нема да го видите составот на неговата војска.
- Како да се заштитам од непријателски напади?
- 100% одбрана е тешко возможна, но следете ги овие чекори:
- не оставајте големи количества ресурси за Вашата Империја да не изгледа примамливо за непријателите;
- држете стрелци и балисти во Тврдината;
- пробувајте да поддржувате високи нивоа Тврдини, главно во престолнината;
- не оставајте ја војската на поле, освен ако не сте апсолутно сигурни дека не постои играч во светот со поголема војска којшто може да Ве порази (што е доста релативно и субјективно да се предвиди и не вреди за ризикот);
- држете многу шпиони на поле и кревајте нивоа Контрашпионажа секогаш кога можете да си го дозволите, за да не можат да Ве шпионираат;
- продолжете да кревате Утврдување за Тврдината да биде поцврста и Воена Архитектура за да може да се соберат повеќе стрелци во гарнизон;
- Заградете ја престолнината или провинцијата во којашто сте навикнале да ги оставате ресурсите, преку припојување на сите провинции со коишто дели граница;
- ако некој играч Ве тормози со постојани напади, капитулирајте; - Како да добијам медал за "Битка на денот"
- Медали се доделуваат на победниците во двете најкрвави битки во светот, за денот. Едната битка е во одбрана и едната во напад. Најкрвавите битки се оние со највисока вредност на изгубени воени единици во златен еквивалент.
- Не загубив чест во битките. Зошто имам негативна чест?
- Освен од грабежи, чест може да се изгуби и од напад на играчи кои се надвор од дозволениот опсег на нето економски поени x2 (играчи два пати поголеми или помали од Вас). Казната на честа за напаѓање надвор од опсег се одзема во моментот кога Вашата војска е испратена, а не во моментот кога се случува битката и затоа не е прикажана во извештајот од битката.
- Бев нападнат во заградена провинција од играч што ја почна битката со 150 морал. Како е можно?
- Постојат многу фактори кои може да влијаат на моралот на позитивен начин - истражување Воена подготовка, бонус од позитивна Чест, специјален бонус ако сте лидер, прв офицер или командант, бонус на морал во напад од Голем човек, бонус од колинија/трговска станица на специјален ресурс. Затоа, доста е возможно.
- Го победив, не зедов ресурси, а на шпионажата ми покажа дека има ресурси. Зошто?
- Неколку возможни објаснувања:
- Сте испратиле битка на поле наместо опсада на Тврдина.
- Бранителот ги потрошил ресурсите на градби, истражувања или регрутирање на војска.
- Бранителот ги транспортирал ресурсите.
- Бранителот ги продал ресурсите.
- Бранителот ги испратил ресурсите во оддалечен посед..
- Тврдината на бранителот ги заштитила ресурсите.
- Сте го употребиле копчето за Последен извештај, наместо копчето за Шпионирање или Инфилтрирање. Копчето за последен извештај не дава актуелна информација, тоа а ја дава состојбата во провинцијата во времето кога била последно шпионирана. - Која е најдобрата воена едиица за грабеж?
- Лесната коњаница
- Која е најдобрата елитна единици и зошто?
- Паладинот. Ова е единицита со најмногу животни поени, напад и одбрана. Добра е како за напад, така и за одбрана.
Битки
Last Updated: 318d