Кој го плаќа издржувањето на донираната војска?
Донаторот го плаќа издржувањето на војската додека патува до соодветниот сојузен посед. Потоа сојузот плаќа за тоа.
Дали ќе изгубам поени ако мојот сојуз изгуби во битка во којашто има моја донирана војска?
Не. Вие губите поени во истиот момент кога донирате војска. Од тој момент натаму, златниот еквивалент на војската повеќе не е Ваш, се додава кон вредноста на сојузот.
Можам ли мојата донирана војска да ја добијам назад?
Не. Еднаш донирана, таа станува сојузна сопственост.
Војската ни патува со часови. Тоа не ми изгледа правилно. Што е работата?
Војската којашто патува од уништен сојузен посед се движи со основна брзина - без бонус од Колонии, без индивидуални модификатори, без Картографија.
Чии истражувања се земаат во предвид за сојузните битки?
Оние од лидерот - и двете, лични и сојузни.
Има ли медали за сојузни битки?
Не.
Кој може да ги управува сојузните војски?
Лидерот, првиот офицер и сите команданти.
Колку е максималниот број војска што можеме да ја собереме во сојузен посед?
3 000 000.
Може ли поединечен играч да ја нападне нашата сојузна војска?
Да, може. Исто може да го уништи и Вашиот Собирен Пункт. Меѓутоа, не може да го освои Вашиот сојузен Замок.