Водевме во воени поени, како така изгубивме?
Ако сте бранител - над 75% од сојузните поени излегле во мод Одмор и/или Празнична заштита, а ако сте агресор - над 50%. Моменталните проценти во мод Одмор и/или празнична заштита на двата сојуза во војна може да се следат во мени Сојуз >> подмени Активни војни.
Како да знам колку ќе платиме за објавување војна?
Кога планирате да објавите војна, се појавува прозорец - тој информира за точната сума на таксата и прашува дали сте сигурни дека сакате да објавите војна.
Имаме федерација со сојуз којшто е бранител во војна. Зошто не можеме да објавиме бесплатна војна на агресорот?
Затоа што договор за федерација сте потпишале после објавувањето на војната.
Празничната заштита се пресметува ли во резултатот од војната?
Да, работи исто како и модот Одмор.
Ако член излезе од сојузот за време на војна, дали неговите воени поени ќе се пресметаат во резултатот од војната?
Да. Но неговите битки повеќе нема да бидат видливи.
Ако излезам од сојузот, го губам ли воениот приход?
Да. Но, ако се вратите во сојузот, ќе можете да го подигнете.
Дали постои рок за добивање на воениот приход?
Не. Тој е секогаш достапен, се додека сте дел од истиот сојуз.
Кога ќе можам да го добијам воениот приход?
За 24 часа од крајот на војната.
Можам ли воениот приход да го добивам во делови?
Не. Целата сума се добива одеднаш.
Имав битки за време на војната, а сепак не добив воен приход. Зошто?
Воен приход не се пресметува за уништени тврдини и ограбено население. За да имате воен приход, треба да сте уништиле непријателски единици.
Дали битките помеѓу сојузните војски се пресметуваат во резултатот од војната?
Да.
Битките меѓу сојузни војски за време на војна генерираат ли воен проход и кој може да го земе?
Да. Се добива воен приход во сојузот и само лидерот може да го подигне. Приходот е во форма на злато и оди директно во Сојузната ризница.