- Добив Макс Задоволство како подарок од Храмот, но задоволството не ми е максимално. Зошто?
- Овој подарок еднократно го прави Задоволството максимално, не го одржува постојано на максимум, т.е. ако билансот на Задоволство е негативен, тогаш вашето моментално задоволство постепено ќе опаѓа.
- Каква штета може да предизвика ниско Задоволство?
- Загуба на население заради миграција, бунт или немири, тие водат до прекин на извлекување данок, прекин на производство и заклучена провинција/Колонија. Ако Колонија е во немири или бунт, го губите специјалниот бонус од неа.
- Зошто бонусот на Задоволство од присуство на војска во провинцијата постојано се променува?
- Овој бонус зависи од односот на процентот војска во провинцијата и бројот население во неа. Според тоа, колку е помал бројот на население и поголемо количество војска е распоредено во провинцијата, толку поголем ќе биде бонусот на Задоволство од нејзиното присуство.
- Регрутирав само неколку единици и добив -1 Задоволство. Дали е тоа исправно?
- Да. Оваа казна зависи од процентот регрутирани единици во однос на бројот население во провинцијата, но никогаш не може да биде под 1 поен.
- Добив голема казна на Задоволство поради регрутирање војска. Дали нешто не е во ред?
- Не. Веројатно имате мал број население во провинцијата, а бидејќи оваа казна зависи од процентот регрутирани војници во однос на бројот население во провинцијата - колку е помал бројот на население, а релативно поголем бројот на регрутирани единици, толку поголема ќе биде казната на Задоволство.
- Како да го направам Задоволството позитивно?
- Вашиот дневен биланс на Задоволство, оној што се гледа на левата страна од прозорецот Задоволство, е сума која се пресметува од казната поради наложен данок и бонусите кои ги земате од Храмот, Тврдината, Универзитетот, Статусот на лојалност кон Сојузот, локацијата на провинцијата, присуството на војска и Премиум. Модификаторите кои можете да ги контролирате се: Споменик, Тврдина, присуство на војска, Универзитет, Премиум и данок, како и поставување на понизок данок - колку што се повисоки нивоата на овие градби и колку повеќе војска ќе има во провинцијата, толку поголемо ќе биде и задовослтвото.
- Како да го зголемам Задоволството?
- Преку организирање Фестивали, градење Фарми, градење Тврдини, расформирање војска, припојување провинции и основање колонии.
- Како да го зголемам лимитот на Задоволство?
- Основајте колонија/трговска станица на специјални ресурси Слонова коска и/или Свила; Изградете го чудото Огнениот врв (5 поени на максималното задоволство); Назначете Голем човек во конкретиот посед со вештина Работник од империјата.
Задоволство
Last Updated: 318d