Како да откажам понуда на Пазарот?
Во подменито Мои понуди во мени Маркет, се појавува копче "Откажување" преку него може да ја повлечете објавената понуда. Возможно е да ја откажете понудата после 1 минута од објавувањето.
Мојата понуда е пониска од моменталните понуди на Пазарот и сѐ уште не се појавила. Зошто?
Најевтините понуди се појавуваат помеѓу 5 и 10 минути. Ако после и 10-тата минута, Вашата понуда и понатаму не е дел од најевтините 5, значи дека останатите играчи објавиле понуди по иста цена порано од Вас и Вашата е во ред за чекање.
Како можам да ја намалам провизијата при продавање на ресурси?
Трговската провизија можете да ја намалите преку истражување Трговија. Фиксната провизија, таа за објавувањето на понудата, не може да биде намалена со ништо друго освен со специјалениот бонус од Офицер-Финансии.
Како можам да го зголемам количеството ресурси кое можам да ги продавам одеднаш?
Преку зголемување нивоа на Пазар.
Сумата на ресурси која можам да ја продадам е далеку поголема од моето моментално ниво на Пазарот. Дали нешто не е во ред?
Капацитетот на Пазарот е глобален, тоа значи дека доколку имате 10 провинции со по 1 милион капацитет на Пазарот во секоја од нив, ќе бидете во можност да продадете 10 милиони одеднаш. Глобалниот капацитет на Пазарот не е достапен додека сте под напад.
Што е Пазарна толеранција?
Ако во моментот најниската цена на железо е 2 и Вашата пазарна толеранција е поставена на 10% (стандардна), тогаш ќе купувате железо до цена 2.2, без известување од системот дека дошло до промена на цената. Ако ја поставите толеранцијата на 1%, кога цената на железото ќе падне под 2.02 додека сѐ уште купувате, системот веднаш ќе Ве информира.