- Како да го зголемам прирастот на население?
- Преку Медицина и/или активирање Премиум. Ако имате загуби поради недостиг на Фарми, надоградувањето ниво на Фарми ќе ги намали загубите и значајно ќе го зголеми прирастот на население.
- Зошто наелението ми се намалува?
- Бидејќи загубите од недостигот на Фарми и/или загубите од миграција се поголеми од прирастот на население. Надоградете нивоа на Фарми и/или зголемете ја моменталната вредност на средното Задоволство додека прирастот на население да стане позитивен.
- Која е поентата на одржување високо ниво Задоволство ако секогаш губам население од миграција?
- Ако не го правите, ќе губите повеќе население. Колку е пониско средното задоволство, поголема е шансата да изгубите повеќе население.
- Добивам ли нешто од неактивното население?
- Не, не добивате ништо. Треба да ги вработите за да произведуваат ресурси и да плаќаат данок во злато.
- Дали добивам нешто од бездомниците?
- Не. За да ги вработите да произведуваат, треба да изградите доволно нивоа Куќи.
- Подигнав ниво на Фарми и моите загуби воопшто не се изменија. Зошто?
- Има неколку релативно поретки случаи во кои изградбата на следно ниво Фарми во суштина не го намалува губењето на населението на час. Загубите се поделени во неколку фази, одредени од разликата помеѓу капацитетот на фармата и моменталниот број на население. За да преминеме во следната фаза на минимални загуби на население, понекогаш е неопходно повеќе од едно ниво Фарми.
Пример: Ако разликата помеѓу бројот на вашето население и капацитетот на фармите е 18 000, тогаш вашите загуби се наоѓаат во втора фаза (од 10 000 до 20 000 помеѓу бројот на Вашето население и капацитетот на фармите) каде што губите 10 селани на час. Затоа, градењето на само едно ниво Фарми нема да успее доволно да го зголеми капацитеот на Фармите, за разликата помеѓу бројот на население и капацитетот на Фармите да би била под 10 000 и соодветно и загубите - под 10 на час. - Можам ли да преместам население од една во друга провинција?
- Не, не постои таква опција.
- Одржувам позитивно население. Зошто губам население од миграција?
- Бидејќи просечното задоволство Ви е под 100.
- Што е "бездомно население"?
- Бездомно е населението кое го собирате кога веќе е достигнат лимитот, дозволен од моменталното ниво на куќите. Прирастот на бездомното население е два пати понизок. Може да биде регрутирано како војска, но не може да биде вработувано за производство на ресурси. За да може да го искористите, треба да изградите доволно нивоа Куќи. Кога бројот на населението ќе достигне 200 000, повеќе нема да може да се собира бездомно население.
- Повеќе немам бездомно население. Зошто?
- Имате повисок лимит на населението од неговото моментално количество, т.е. имате доволно нивоа куќи за целото население или моменталното население е повеќе од 200 000 - над 200 000 како вкупна бројка, повеќе бездомно население нема да се генерира.
Население
Last Updated: 318d