- Како можам да имам повеќе провинции?
- Преку припојување провинции на Мапата на Империјата. За да припоите потребно е слободно ниво Централизација (секое ниво дозволува по една припоена провинција) и победа над независна провинција: клик на посакуваната провинција на мапата со провинции, изберете "Припојување" од менито со опции и победете во битката.
- Како да припојувам?
- За да припоите, потребно Ви е слободно ниво Централизација (секое ниво дозволува припојување на една провинција) и победа над независна провинција: кликнете на посакуваната провинција на мапата со провинции, изберете опција "Припојување" од менито со опции и победете во битката.
- Што добивам од вазалите?
- Вазалите не функционираат како припоените провинции. Од нив добивате само злато.
- Припојување и претворање во вазал - која е разликата?
- Припоените провинции се исти како и Вашата прва провинција - можете да ги развивате преку изградба на градби, вработување работници, извлекување данок и регрутирање војска. Вазалите можат да Ви дадат само злато од данок.
- Вазал или припоена провинција? Кое да го изберам?
- Секогаш е подобро да имате припоена провинција од вазали - добивате повеќе ресурси, може да ги развивате, да градите, да регрутирате војска итн. Вазалите се добра опција кога немате слободно ниво Централизација за да припоите провинција.
- Што е 'заградена' провинција?
- Внатрешна провинција, означена со црвени линија на Мапата на Империјата којашто граничи само со припоени провинции. Заградената провинција одзема 20 поени морал на војската којашто ја напаѓа. Провинција не може да биде двојно заградена.
- Како можам да заградам провинција?
- Преку припојување на сите провинции со коишто граничи.
- Дали вазалите се земаат во предвид при заградувањето провинција?
- Не, само припоените провинции се земаат во предвид.
- Мојата провинција не произведува ништо. Зошто?
- Или немате вработено работници, или ефикасноста на провинцијата е еднаква или пониска од 0%, или е во немири/бунт.
- Што се немири и како можам да ги поправам?
- Тоа е состојба во припоена провинција, вазал или колонија, предизвикана од незадоволството на населението и ниското локално Задоволство. Кога Задоволството ќе падне под 50, постои шанса за немири, којашто се прогресивно се зголемува за 2% на секој поен Задоволство (пр. на 49 задоволство со 2%, на 48 задоволство со 4% итн), тоа води до прекин на извлекувањето данок додека задоволството не се зголеми повторно над 50. Имајте на ум дека немирите се отстрануваат на следниот Совет на Старешини.
- Што е бунт и како може да го поправам?
- Тоа е состојба во припоена провинција, вазал или колонија, предизвикана од незадоволството на населението и ниското локално Задоволство. Кога Задоволството ќе падне под 20, постои шанса за бунт којашто прогресивно се зголемува за 2% на секој поен Задоволство (пр. на 19 задоволство со 2%, на 18 задоволство со 4% итн), тоа води до невозможност за производство, регрутирање и градење, додека Задоволството повторно не се зголеми над 20. Имајте на ум дека бунтовите се отстрануваат на следниот Совет на Старешини.
- Припоив провинција со едно ниво тврдина помалку од тоа што беше во извештајот од шпионажата. Зошто е така?
- Сите провинции коишто се припојуваат се со Тврдина помала за едно ниво, освен тие со Тврдина 1.
- Дали бонусите и минусите на терените влијаат само врз мене?
- Да, со исклучок на тие за Коњаницата и Напад од Далечина, тие влијаат и на оној кој напаѓа и на оној кој е нападнат.
- Како можам да транспортирам ресурси?
- Потребна Ви е Транспортна станица во двете, влезната и излезната провинција. Ресурсите се повикуваат, не се испраќаат, затоа морате да бидете во провинција во која праќате за да би транспортиларе ресурси во неа. Тоа можете да го направите преку подменито Империјален транспорт во градбата на Транспортната станица или со клик на брзите копчиња за транспортирање над селото.
- Можам ли двојно да заградам провинција па тој што ме напаѓа да изгуби 40 морал?
- Не.
- Што е ефективност?
- Ја мери силата/интензитетот со којашто провинцијата произведува ресурси. Ефикасноста може да се примени само на припоени провинции, Колониите и вазалите секогаш имаат 100% ефикасност. Секоја следна припоена провинција произведува 10% помалку ресурси во споредба со претходната, заради тоа, без ефектот на Бирократија, 11-тата припоена провинција има ефикасност 0% и секоја провинција припоена после тоа е 10% помалку ефикасна, веќе со негативен знак. Секое ниво на Бирократија ја зголемува ефикасноста на производството за 5% без да надминува 100%. Големите луѓе со вештина Бирократ ја зголемуваат ефикасноста во зависност од нивото на вештината.
- Како можам да напаѓам и запленувам независни градови на Глобалната карта?
- Отворете ја Глобалната крата. Кликнете на градот што сакате да го напданете. Прво изберете „Шпионирање“ за да можете да видите што има и да ја симулирате битката. Видете дали победувате во битката на повеќе од 50 морал. Ако е така, испратете напад од шпионскиот извештај или кога ќе ја отворите повторно Глобалната карта кликнете на соодветниот град и изберете „Напад“ од менито што ќе се отвори.
- Колку поени добивам за припојување на провинција?
- Добивате поени соодветно на градбите во новата провинција.
- Како да припојам вазална провинција?
- За да припоите вазал, треба да имате слободно ниво Централизација (секое ниво дозволува една припоена провинција).
- Како да откажам провинција?
- Не может да откажувате припоени провинции. Откако еднаш ќе бидат припоени, тие веќе се Ваши до крајот на ерата. Можете да се откажете од вазалите.
Провинции
Last Updated: 318d