Како да градам градби?
Градбите се градат во Градскиот Центар, во центарот на селото. За да се изгради одредена градба, во провинцијата треба да ги имате потребните ресурси за даденото ниво. Кога имате ресурси, до градбата се појавува копчето „Изградба“. Ако Ви недостигаат ресурси, на негово место се појавува знак прашалник, тоа значи дека нешто Ви недостига за да започнете со градење. При поставување на глувчето на прашалникот, ќе видите објаснување за ресурсите коишто се потребни.
Како се зголемуваат поени?
Кога градите градби во Градскиот центар, порачувате истражувања во Универзитетот, регрутирате војска во Касарните и припојувате провинции.
Во кој свет играм?
Отворете го својот профил и погледајте под аватарот.
Како да заработувам злато?
Злато се заработува преку даноци. Данок се поставува од менито со икона со кесе со злато до иконата за Задоволство, во горниот десен агол во селото. Не заборавајте дека колку се повисоки даноците, толку се поголеми загубите на Задоволство.
Како да имам голема војска?
Војска се регрутира во Касарните. За да имате Касарни, треба да ги изградите од Градскиот Центар >> Воени. Цената на сите единици е во дрво и железо - колку е појака единицата, толку е поскапа.
Како да се борам?
За да се борите, потребна Ви е војска, регрутирана во Касарните. Користете ја Глобалната мапа за да изберете играч кој би го нападнале (за да избегнете казни, се препорачува вашите поени да не се 2 пати повисоки или пониски од тие на противникот). Шпионирајте некои провинции, симулирајте ја битката за да видите дали победувате. Поставете ги нивоата на истражувањата на противникот најмалку колку вашите или 2-3 нивоа повисоки за да сте сугурни во победата. Ако победувате со помалку од 50 морал, немојте да напаѓате. Не праќајте Опсада на Тврдина само со коњаница и/или стрелци - тие не напаѓаат Тврдини и ќе изгубите во секој случај.
Испратив Грабеж/Битка на поле и не запленив никакви ресурси. Зошто?
Само командата Опсада на Твдрдина запленува ресурси. Грабеж е битка на поле во којашто се убива цивилно население и може да Ви донесе само одредена количина злато. Битката на поле може да допринесе да уништите непријателска војска и да се вратите со одредено количество натоварено злато.
Како можам да го направам моето злато позитивно?
Ставете ја војската внатре во Тврдината за да не би барала издржување. Продавајте ресурси за да добиете злато кога Вашите понуди ќе се продадат.
Зошто не можам да Истражувам во другите провинции?
Универзитетот се наоѓа во Престолнината и тоа е единственото место од каде можете да истражувате.
Дали истражувањата влијаат само на престолнината?
Не, на целата Империја.
Задоволството ми е на максимум, но сѐ уште ми се намалува населението. Зошто?
Задоволството не влијае на прирастот на население. Од клучно значење е да го држите Задоволството на максимално ниво, за да не би губеле население од миграција. Кога го исклучиме тоа, тоа нема врска со негативниот прираст којшто секогаш се случува поради недоволно развиени Фарми.
Имам доволно нивоа Фарми и сѐ уште губам население заради миграција. Зошто?
Фармите го намалуваат губењето на население на секој час поради недостиг на Фарми, но не одредуваат дали губите или добивате население од миграција. Мигрирањето на население секоја минута зависи од средното Задоволство на Империјата, споредено со средното Задоволство на Империите со сличен развој.
Како да го зголемам капацитетот на ресусрси во провинцијата?
Со повисоко ниво Тврдина.
Како да градам Фарми?
За првото ниво Фарми, потребно е прво ниво Централизација. Ако имате само една провинција, тогаш таа е Престолнина, а тие имаат +100 000 бонус на капацитетот на Фармите, па во првата фаза од развојот, Фармите не се неопходни.
Како да основам сојуз?
Кликнете на иконата со знаме на левата страна на селото, внесете име за вашиот сојуз и кликнете на копчето Формирање.
Пробав да направам сојуз, но системот ме информира дека веќе има сојуз со истото име, но не гледам таков сојуз. Што се случува?
Сојузите се чуваат за следните ери. Ако нивните членови не се пријавуваат во профилите, овие сојузи нема да бидат рангирани, но ќе продолжат да постојат т.е. -имињата им се резервирани.
Како да поканам луѓе во мојот Сојуз?
Играчите кои моментално не се во сојуз, имаат икона со рака во менито „Рангирање“, колона „Опции“. Може да поканите играч со клик на оваа икона или со пишување на неговото име во полето „Испраќање Покана“ во менито „Сојуз“.
Зошто златото ми се намалува?
Затоа што приходот Ви е помал од трошоците, имено: издржување на голема војска и/или исплата на кредит и/или сојузни даноци.
Каков напад да наредам - Опсада на Тврдина, Грабеж или Битка на поле?
Зависи од Вашата цел и војската што ја имате.

Опсадата на Тврдина ги запленува достапните ресурси според вкупниот капацитет на носивост што го имате, но само ако успеете да ја уништите Тврдината и да победите во битката. За тоа ќе Ви бидат потребни доволно опсадни машини и/или мечувалци за да ја срушите Тврдината, пред војската да избега поради низок морал.*
Грабежот е Битка на поле каде што се убива цивилно население и за секој убиен селанец се добива злато. Со ограбување се губи чест.
Битката на поле ја испраќа војската само да се бори со противничката војска на поле, без опсада на Тврдина или грабеж на цивилно население. Единствената заработка што ја има играчот се воените поени за убиените непрјателски единици и чест, во случај да изгубил најмалку 10% од сопствената војска во златен еквивалент.*

* Напомена! Секогаш прво симулирајте ја битката и наредувајте битка само ако победувате со над 50 морал на крајот.
Како да го намалам издржувањето на војската?
Нема градби и истражувања што можат да Ви го намалат издржувањето на војската. Има специјални ресурси за колонии/трговски станици и императорска вештина. За војската во гарнизон не е потребно издржување, меѓутоа ако целата Ваша војска ја распоредите по тврдините, таа станува примамлив плен за Вашите непријатели, најчесто кога не сте онлајн, затоа добро размислете за ризикот.
Како да заработам повеќе злато без да го кревам данокот?
Само работниците плаќаат даноци во злато, колку повеќе вработено население, толку поголем приход во злато ќе добивате. За да заработите што повеќе злато, би требало да го намалите издржувањето на војската со тоа што ќе ја ставите внатре во гарнизон, барем додека сте онлајн. Исто така можете да надоградите Банкарство и да чувате 50 000 000 злато за да ја добивате максималната камата. Исто така има и специјални ресурси и вештини на Големи луѓе кои можат да го зголемат приходот од злато.
Што е камата и како да ја добијам?
Камате се добива откако ќе внесете злато во банката како депозид за одредено време. Откако времето ќе истече, златото го добивате обратно заедно со каматата.
Што ќе се случи ако поставам максимален данок?
Ќе почнете да добивате повеќе злато, но Задоволството значајно ќе се намали ако не изградите доволно Споменици, универзитеи и Твридни и ако редовно не организирате Фестивали.
Како да изградам Куќи?
Од Градскиот центар.
Како да го зголемам лимитот на населението?
Со Куќи.
Како да имам шпиони?
Се регрутираат во Шпионската школа. Ако немате таква, прво треба да ја изградите од Градски центар >> Воени.
Како се премсетуваат поените?
1 нето економски поен = 1000 злато/1000 дрво/ 1000 железо/ 1000 камен
Нето економските поени за регрутираната војска се пресметуваат по истата формула, но се множат x2.
Како да се придружам во сојуз?
Има две варијанти да влезете во сојуз. Првата варијанта е да влезете директно во некој сојуз што е отворен за нови членови. Другата варијанта е да добиете покана од Лидерот на некој сојуз. За тоа треба да му напишете лична порака.
Какви се овие слики и објекти на Глобалната карта?
Специјални ресурси. Ѝ даваат бонуси на целата империја ако на нив се основа колонија, провинција или трговска станица.
Како да истражувам?
Истражувањата се порачуваат од градната на Универзитетот/Воениот Универзитет. За да порачате одредено истражување, потребно е во престолнината да се достапни сите ресурси што се неопходни за нивото. Кога ресурсите ќе бидат достапни, до истражувањето се појавува копче „Истражување“. Ако ова копче не е достапно, на негово место се покаќува знак i што покажува дека нешто ви недостига за да го извршите истраќувањето. Кога ќе го поставите курсорот над знакот i, ќе се покаже балонче, кое опишува што уште Ви е потребно.
Како можам да имам повеќе ресурси?
Со повеќе работници и повисоко производство. Зголемете го бројот на население преку Медицина, а производството преку Тврдини, Премиум, сојузни истражувања на Производство, нивоа на Бирократија (ако имате повеќе од една провинција), колонија/трговска станица на специјален ресурс злато, дрво, камен и/или железо (за поразвиени профили).