- Водевме во воени поени, како така изгубивме?
- Ако сте бранител - над 75% од сојузните поени излегле во мод Одмор и/или Празнична заштита, а ако сте агресор - над 50%. Моменталните проценти во мод Одмор и/или празнична заштита на двата сојуза во војна може да се следат во мени Сојуз >> подмени Активни војни.
- Како да знам колку ќе платиме за објавување војна?
- Кога планирате да објавите војна, се појавува прозорец - тој информира за точната сума на таксата и прашува дали сте сигурни дека сакате да објавите војна.
- Имаме федерација со сојуз којшто е бранител во војна. Зошто не можеме да објавиме бесплатна војна на агресорот?
- Затоа што договор за федерација сте потпишале после објавувањето на војната.
- Празничната заштита се пресметува ли во резултатот од војната?
- Да, работи исто како и модот Одмор.
- Ако член излезе од сојузот за време на војна, дали неговите воени поени ќе се пресметаат во резултатот од војната?
- Да. Но неговите битки повеќе нема да бидат видливи.
- Ако излезам од сојузот, го губам ли воениот приход?
- Да. Но, ако се вратите во сојузот, ќе можете да го подигнете.
- Дали постои рок за добивање на воениот приход?
- Не. Тој е секогаш достапен, се додека сте дел од истиот сојуз.
- Кога ќе можам да го добијам воениот приход?
- За 24 часа од крајот на војната.
- Можам ли воениот приход да го добивам во делови?
- Не. Целата сума се добива одеднаш.
- Имав битки за време на војната, а сепак не добив воен приход. Зошто?
- Воен приход не се пресметува за уништени тврдини и ограбено население. За да имате воен приход, треба да сте уништиле непријателски единици.
- Дали битките помеѓу сојузните војски се пресметуваат во резултатот од војната?
- Да.
- Битките меѓу сојузни војски за време на војна генерираат ли воен проход и кој може да го земе?
- Да. Се добива воен приход во сојузот и само лидерот може да го подигне. Приходот е во форма на злато и оди директно во Сојузната ризница.
Војна
Zuletzt aktualisiert: 318d