- Зошто не можам да се вратам во мојот сојуз?
- Придружување кон ист сојуз е возможно само 2 пати во тек на една ера, без никакви исклучоци.
- Се обидов да поканам играчи во сојузот, но системот постојано покажува дека немаме место за нив.
- Бидејќи имате неактивни членови (членови што не се најавиле во своите профили од претходната ера) кои не ги гледате додека лидерот на Вашиот сојуз не достигне 1000 нето економски поени. Лидерот треба да достигне 1000 нето економски поени за да може ги исфрли играчите од сојузот.
- Зошто служи Ризницата?
- Служи за донирање на дијаманти и ресурси со кои може да се истражуваат сојузни истражувања и да се градат градби во сојузните поседи.
- Изгледа не можам да донирам повеќе ресурси во Ризницата. Како да го поправам ова?
- Подигнете ги нето економските поени.
- Што е вредност на Сојузот?
- Вредноста на сојузот според моменталните нето економски поени, т.е. - златниот еквивалент инвестиран во сојузни објекти и поседи: истражувања, градби и војници /1000.
- Како можам да испратам ресурси за да помогнам на мој сојузник?
- Можете да испратите само злато. За тоа се потребни товарни колички и Транспортна Станица, отворена во подменито 'Пренесување злато'.
- Пробувам да испратам злато на сојузник, но не ми успева. Зошто?
- Или сте го достигнале лимитот за испраќање, тој е 10% од вашите моментални нето економски поени во златен еквивалент, или вашиот сојузник го достигнал неговиот лимит што може да го прими, тој повторно е 10% од неговите нето економски поени во златен еквивалент. За да успеете да му испратите злато, треба да ги зголемите своите поени и/или да примите злато од друг сојузник, и/или тој да ги зголеми поените и/или да испрати злато на друг сојузник.
- Планирам да испратам злато на сојузник, меѓутоа изгледа нема да ја добие целата сума. Зошто?
- Пренесувањето злато е оданочено. Колку играчот е поблиску до својот лимит (10% од својот моментален лимит на нето економски поени во златен еквивалент), толку повеќе злато ќе биде изгубено во трансферот. Испраќачот ќе биде известен колку од неговото злато ќе биде изгубено за данок.
- Сакам да унапредам мој сојузник. Зашто копчето е неактивно?
- Секое назначување во офицерското или лидерското крило е активно за најмалку 168 часа (84 часа во брз свет и 42 во блиц свет), т.е. не може да ја промените позицијата во сојузот на даден член, ако веќе сте го направиле во последите 168 часа.
- Претходниот Офицер-Научник го заменив со сојузник со повисоко ниво Универзитет. Но, цените за сојузни истражувања не се намалија. Зошто?
- Влијанието врз сојузните истражувања на Офицерот-Научник се определува во зависност од големината на неговиот специјален бонус, одреден од статусот на Лојалност. Кога ќе замените Офицер-Наука кој е во втор или трет стадиум на статус на Лојалност, новиот Офицер-Наука ќе биде во првиот стадиум на статус на Лојалност, дури и ако е со повисоко ниво Универзитет, тој нема да ги намали цените, а обратно - потенцијално ќе ги зголеми.
- Претходниот Офицер-Изградба го заменив со сојузник со повисоко ниво Архитектура. Но, цените за изградба не се намалија. Зошто?
- Влијанието врз сојузните истражувања на Офицерот-Изградба се определува во зависност од големината на неговиот специјален бонус, одреден од статусот на Лојалност. Кога ќе замените Офицер-Изградба кој е во втор или трет стадиум на статус на Лојалност, новиот Офицер-Изградба ќе биде во првиот стадиум на статус на Лојалност, дури и ако е со повисоко ниво Универзитет, тој нема да ги намали цените, а обратно - потенцијално ќе ги зголеми.
- Како можеме да го промениме лидерот?
- Еден од членовите треба да се пријави за лидер преку клик на соодветното копче на десната страна од табелата со членовите во мени Сојуз.
- Кој сојузник треба да го унапредам во Офицер-Научник?
- Играчот со највисоко ниво Универзитет.
- Кој сојузник треба да го унапредам во Офицер-Архитект?
- Играчот со највисоко ниво Архитектура.
- Добив покана за сојуз, но не можам да ја прифатам. Што пропуштам?
- Сојузот каде што сте поканети нема слободни места за нови членови. Треба да исфрлат некој член за да се ослободи место.
- Како можам да испратам војска за да му помогнам на мој сојузник?
- Не можете.
Сојуз
Zuletzt aktualisiert: 318d