Кога завршува мојот свет?
Светот завршува на фиксен краен датум, одреден од страна на администрацијата на Империја Онлајн. Победник ќе биде сојузот којшто има највисок процент влијание на овој краен датум или највисока сојузна нето вредност, ако никој нема влијание.
Како можам да започнам од почеток?
Профилите не можат да бидат рестартирани. Почнуваат од почеток, кога светот е рестрартиран. Ако не сакате да чекате до новата ера, регистрирајте нов профил во друг свет. Одете на почетната страница, клик на “Регистрирај се сега”, потоа на “Веќе имате регистриран профил?” и пополнете ги полињата со Вашето моментално име и лозинка. Или придружете се на световите отворени за регистрација на екранот за најава.
Мојот профил беше високо развиен и имав многу поени. Што се случи? Зошто сега немам ништо?
Вашиот свет бил рестартиран и започнала нова ера. Империја Онлајн е стратешка игра и не е бесконечна, максималното времетраење на ера е 5 месеци (во блиц свет), до 2 месеци (за мега блиц свет) и 3 седмици (во блиц мастер свет).
Како да си го избришам профилот?
Можете да побарате бришење на вашите лични податоци и вашиот провил во менито Лични подесувања > Приватност > копче Бришење на податоците. Ќе ви биде даден период од 14 дена во кој можете да го откажете барањето, но не можете да го забрзате извршувањето пред да истече овој период.
Зошто не нѐ известивте за одржувањето на светот?
Кога има одржување без предупредување, значи дека имаме технички проблеми и се бориме да ги решиме што е можно побрзо. За жал, такви ситуации не можат секогаш да бидат предвидени и спречени.
Кога ќе започне нов свет? Каде можам да најдам информација за новите светови коишто наскоро ќе започнат?
Световите кои биле рестартирани последни или тие кои ќе се регистрираат наскоро, можете да ги видите кога ќе кликнете на серверниот часовник во таб Карактеристики.
Дали има свет којшто никогаш нема да се рестартира?
Не, сите светови се рестартираат некогаш. Максималното времетраење на свет е до 5 месеци, ако е со блиц брзина, до 2 месеци за светови со мега блиц брзина и 3 седмици за блиц бастер светови.
Сакам да играм во Блиц свет. Како да се регистрирам?
Можете да најдете виџет за регистрација во Блиц Мастерс световите на долниот дел од екранот на селото, кога таков свет ќе биде рестартиран. Виџетот за регистрација е активен за ограничен период.
Можам ли да си избирам локација на Глобалната мапа?
Не. Системот Ве распоредува автоматски.
Како можам да поканам пријател да игра со мене?
Испрати му/ѝ линк за покана. Се наоѓа во менито Подесувања.
Како може мој пријател да се регистрира и да биде блиску до мене на Глобалната мапа?
Не е возможно да се избере локација. Системот автоматски ги распоредува играчите.
Може ли да имам повеќе од еден профил во истиот свет?
Не. Може да имате повеќе профили, но само во различни светови.
Дали добивам некаква награда за доведување пријатели во играта?
Не.
Каде можам да пријавам злоупотреба?
Испратете имејл на [email protected] наведувајќи го корисничкото име и светот на играчот, како и своето корисничко име и свет.
Не можам да испратам лична порака. Што се случува?
Веројатно сте казнети со молк од адрминистрацијата, поради испраќање навредливи пораки на други играчи. Пишете имејл на [email protected] за да дознаете за причината и не заборавајте да го потенцирате своето корисничко име и свет.
Казнет сум со молк и нема да можам да праќам пораки цела година. Не е ли тоа премногу?
Играчите се казнуваат со молк за 24 часа (за првата навредлива порака/коментар), 168 часа (за втората навредлива порака/коментар) и за цела година (за третата навредлива порака/коментар). Казните со молк не се отстрануваат и затоа е подобро да внимавате што пишувате.
Гледам слика за казна на мојата страна за најава наместо мојот аватар. Дали навистина сум казнет? Зошто?
Не, не сте казнет. Вашиот аватар е. Навредливите аватари може да бидат пријавени од други играчи (најмалку од тројца) и казнети од администрацијата. Корисник казнет за навредлив аватар за прв пат, не може да постави нов за 24 часа, ако е казнет за втор пат - 168 часа и за трет пат - за цела година.
Не можам да се најавам. Некој ми го украл профилот. Што да правам?
Следете ги овие чекори:

1. Во случај да сте го потврдиле имејлот за регистрација:

1.1 Обновете ја својата лозника преку линкот за изгубена лозинка на почетната страна. Откако ќе го внесете својот имејл во полето, ќе добиете писмо од Империја Онлајн. Кликнете на линкот за соодветниот свет и два пати напишете ја вашата лозинка. Препорачан состав на лозинка: најмалку 10 симбола, комбинација од мали и големи букви, бројки и/или специјални симболи.
1.2 Пишете на [email protected] за Вашиот случај, бидете прецизни за Вашето: име, свет, штета(и) кои се нанесени на профилот.
1.3 Внимение! Не ја давајте својата лозинка на други луѓе, без разлика колку сте блиски. Ако сакате профилиот да Ви биде чуван, употребете го легалниот мод за чување на профил, преку него чуварите влегуваат без да ги знаат Вашите лични податоци.

2. Во случај да сте го потврдиле имејлот за регистрација:

2.1 Напишете на [email protected] или на Community manager на форум за Вашиот случај, бидете прецизни за корисничкото име, светот, штетата/те кои се направени, имејлот од регистрацијата. Администраторот ќе го обнови имејлот од регистрацијата и ќе Ви испрати службена лозинка.
2.2 Најавете се во профилот, потвредете гоимејлот, одете во менито Подесувања и променете ја лозинката, направете посложена. Препорачана содржина за лозинка: најмалку 10 симболи, комбинација од мали и големи букви, броеви и/или специјални симболи.
2.3 Внимение! Не ја давајте својата лозинка на дурги луѓе, без разлика колку сте блиски. Ако сакате профилиот да Ви биде чуван, употребете го легалниот мод за чување на профил, преку него чуварите влегуваат без да ги знаат Вашите лични податоци.
Како можам да го променам имејлот со којшто се регистрирав?
Ако Вашиот имејл е веќе потврден, не можете да го промените. Ако не е, можете да го промените во менито Подесувања >> подмени Имејл.
Како можам да добијам Дијаманти без да ги купувам?
Дијаманти се освојуваат како награда од Советникот, Достигнувања, Турнири, Тркалото на среќата, е-пин награди од турнири, награда од глобално ниво на профилот, награда при рестарт за учество во претходна сезона на светот, награда за влијание, откуп на запленет генерал.